Екипата на Баерн ја освои двојната круна во Германија откако синоќа во финалето на Купот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 по продолжение.
Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 0:0, а двата гола „баварците“ ги постигнаа во вториот дел од продолжението. Стрелци беа: Арјен Робен во 107.минута и Томас Милер во 120.минута.
За Баерн ова беше 17-ти освоен Куп во своето 20.то финале, додека Борусија Дортмунд остана со три освоени пехари во ова натпреварување.