Актуелниот шампион на Европа и Германија, екипата на Баерн Минхен, во престојната сезона 2013/2014 ќе атакува на одвојување на пет трофеи.
Матијас Замер, спортскиот директор на Баерн, изјави дека е убеден дека „Баварците“ ќе бидат првиот тим кој ќе ја одбрани титулата победник во Лигата на шампионите.
– Имаме намера да оствариме нешто што досега во Европа никој не го постигнал. Целта е да ја одбраниме „тројната круна„ а воедно да ги придодадеме пехарите од европскиот Супер куп и титулата во светскиот клупски шампионат, изјави Замер за германските медиуми.
Баерн одбраната на шампионската титула во Бундес лигата ќе ја почне веќе утревечер, пред своите гледачи, кога од 20 часот и 30 минути ќе ја пречека екипата на Борусија Менхенгладбах во премиерниот натпревар од новата сезона на фудбалскиот шампионат на Германија.