Фудбалерите на Баерн Минхен одиграа нерешено 1:1 и со освојување на само еден бод против Борусија Менхенгладбах, синоќа на „Алианц-Арена“ во Минхен ја заокружија есенската полусезона која ја завршуваат на врвот на табелата во Бундес лигата.
Гостите од Менхенгладбах поведоа со голот на Торбен Маркс од пенал во 21.та минута, а Баерн од пораз го спаси Џердан Шакири со погодок во 59.та минута.
Денеска во терминот од 15 часот и 30 минути се играат шест натпревари од 17.коло: Баер Леверкузен – Хамбургер, Волфсбург – Ајнтрахт, Мајнц – Штутгарт, Гројтер Фурт – Аугсбург и Фортуна – Хановер, а од 18 часот и 30 минути е почетокот на натпреварот Шалке – Фрајбург.
За в недела закажани се последните две средби од оваа рунда: Хофенхајм – Борусија Дортмунд (15:30 часот) и Вердер – Нирнберг (17:30).
Табела: Баерн Минхен 42 бод, Баер Леверкузен 30, Борусија Дортмунд 27, Ајнтрахт 27, Шалке 25, Борусија Менхенгладбах 25, Штутгарт 25, Хамбургер 24,…