Баерн со пресврт славеше против Борусија

Од:

Фудбалерите на Баерн од Минхен го победија најголемиот ривал Борусија од Дортмунд со 2:1 во дерби натпреварот од 10. коло на Бундеслигата.

Борусија прва поведе по половина час игра со голот на Марко Ројс. Сепак, Баерн направи пресврт во последните 20 минути. Поранешниот играч на „Милионерите“ Роберт Левандовски во 72 минута израмни на 1:1, а победоносниот гол за „Баварците“ го постигна Арјен Робен од пенал во финишот на натпреварот, отакако Невен Суботиќ го собори Франк Рибери во казнениот простор.

Борусија со поразот ја продолжи лошата низа во Бундеслигата и по 10 кола се наоѓа на 16. место со само седум бодови.

Баерн е прв на табелата со 24 бодови.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска