Европскиот и германски шампион Баерн Минхен вечерва во финалето на Купот на Германија на „Олимпискиот стадион“ во Берлин ќе игра против Штутгарт.
Со победа Баерн оваа сезона ќе ги освои трите пехари, додека Штутгарт независно од исходот на натпреварот следната сезона благодарение на учеството во финалето има изборено учество во еврокуповите.
Баерн го игра 19. финале, а Штутгарт по 6. пат е учесник на завршниот натпревар во Купот.
Екипата од Минхен со 15 пехари е најуспешен тим во ова натпреварување, додека Штутгарт има освоено три пехари, а последниот 1997 година.