Шампионот Баерн Минхен на 9 август ќе ја пречека Борусија Менхенгладбах во премиерниот натпревар од новата сезона во Бундес лигата, одлучи денешната жрепка.
Сезоната 2013/14 ќе трае нешто пократко од вообичаеното и треба да заврши на 10 мај за репрезентацијата да има повеќе време за подготовки за Мундијалот во Бразил.
Освен средбата Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах со која „Баварците“ ќе ја започнат одбраната на шампионската титула, во 1. коло од Бундес лигата уште ќе играат: Шалке – Хамбургер, Баер Леверкузен – Фрајбург, Хановер – Волфсбург, Мајнц – Штутгарт, Аугсбург – Борусија Дортмунд, Ајнтрахт Брауншвајгер – Вердер, Хофенхајм – Нирнберг и Херта – Ајнтрахт Франкфурт.