Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен подготвил рекордни 135 милиони евра за трансфер на играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, тврди шпанскиот весник „Марка“.
Баерн сака да упати идентична понуда како Манчестер Јунајтед и да го привлече Велшанецот да премине во Минхен, особено затоа што Арјен Робен се почесто поради повреди е надвор од теренот.
Ако Бејл изберете една од понудите и го напушти Реал, по вторпат ќе го собори рекорд, откако во 2013 година направи трансфер од Тотенхем во кралскиот клуб за рекордни 100 милиони евра.
Бејл не е задоволен од статусот во Реал Мадрид, бидејќи сака поважна улога во тимот. Оваа сезона во сите натпреварувања одигра 44 натпревари и има постигнато 17 голови.