Баерн на двоцифрена предност во однос на Волфсбург

Од:

Шампионот во Бундеслигата, тимот на Баерн Минхен попладнево забележа победа на гостувањето кај Хановер, а второпласираниот на табелата Волфсбург загуби од Аугсбург, па предноста на Баварците се искачи на 11 бодови.

Хановер прв поведе во 25.минута со голот на Хироши Кијотаке. Чаби Алонсо по три минути изедначи, а пресвртот го направи Томас Милер со погодоците во 61. од пенал и 72.минута.

Резултати на шесте завршени натпревари од 24.коло во Германското фудбалско првенство: Штутгарт – Херта 0:0, Шалке – Хофенхајм 3:1, Аугсбург – Волфсбург 1:0, Хановер – Баерн Минхен 1:3, Фрајбург – Вердер 0:1 и Хамбургер – Борусија Дортмунд 0:0.

Од 18 часот и 30 минути играат Мајнц – Борусија Менхенгладбах.

Колото ќе биде комплетирано утре со средбите: Келн – Ајнтрахт и Падерборн – Баер Леверкузен.

Табела: Баерн Минхен 61 бод, Волфсбург 50, Борусија Менхенгладбах 40, Шалке 38, Аугсбург 38,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска