Баерн Минхен денеска го совлада Хамбургер со 4:1 на гостувањето во втората лига кој грчевито се бори за опстанок и ќе има неизвесно последно коло.
Сепак до крајот ќе биде неизвесно поради тоа што и Брауншвајг и Нирнберг имаат шанса да стигнат до бараж.
Марио Геце е фудбалерот кој го урна тимот на Хамбургер со својот хет-трик на овој меч. Еден гол за Баерн постигна и Клаудио Пизаро, а голот за немоќниот домаќин го постигна Чалханоглу.