Германскиот шампион Баерн Минхен се пофали со рекордна заработувачка за сезоната 2017/2018 во износ од 624,3 милиони евра.
Финансиските приходи во клубот доаѓаат по 10 различни начини, меѓу кои продажба на ТВ права, приходи од наградни фондови, трансфери на играчи, продажба на предмети, билети, итн.
– Баерн Минхен треба да биде многу задоволен од своите финансиски резултати за сезоната 2017/2018. Освен од освоената шампионска титула во Бундеслигата и успешното претставување во Лигата на Шампионите, овие бројки покажуваат дека сме имале една навистина успешна година и во однос на финансиите, вели извршниот директор на клубот Карл-Хајнц Румениге за клупскиот сајт.