Шампионот на Германија, Баерн и Хамбургер, кој по баражот остана во Бундес лигата, со натпреварот вечерва ќе ја отворат новата сезона во најсилната германска лига.
И во новото првенство екипата на Баерн е најголем фаворит за освојување на шампионската титула. Почетокот на дуелот е во 20:30 часот.
Шест натпревари од првото коло се играат во сабота, а двојките се: Аугсбург – Херта, Вердер – Шалке, Дармштат – Хановер, Баер Леверкузен – Хофенхејм, Мајнц – Инглоштат и Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах.
В недела се играат два натпревара: Волфсбург – Ајнтрахт и Штутгарт – Келн.