Шампионот на Германија, Баерн како што пренесува германски „Билд“, добил нова понуда за напаѓачот Томас Милер од премиерлигашот Манчестер Јунајтед. Според „Билд“ станува збор за 85 милиони евра за услугите на германскиот репрезентативец.
Во текот на преодниот рок Баерн во два наврати ги одбиваше понудите на Манчестер Јунајтед, но по се изгледа дека англичаните не се откажуваат од потенцијалното засилување.Шанса за реализација на овој трансфер има откако Милер изјави дека сака да се пресели на „Олд Трафорд“.
Со евентуален трансфер менаџерот на Манчестер Јунајтед Луис Ван Гал, сака да реши дел од проблемот со напаѓачите бидејќи освен Вејн Руни на располагање го има уште Хавиер Хернандез.
За реализација на трансферот можно е и да се сочека исходот од резултатот од реваншот дуелот од баражот меѓу Манчестер Јунајтед и Бриж (на првиот натпревар Манчестер Јунајтед победи со 3:1) и тоа дали „црвените ѓаволи“ ќе играат во Лигата на шампионите.