Динамо Загреб го претрпе најголемиот пораз во својата историја во првото коло од Лигата на шампионите.
На гостувањето во Минхен против Баерн, хрватскиот шампион беше поразен со огромни 9:2 и со тоа стана првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој примил девет гола на еден натпревар.
Откако на полувремето Баерн беше 3:0, Динамо постигна два брзи гола за да израмни на 3:2 во 50. минута. Но, тогаш Баварците се налутија и до крајот ја полнеа мрежата на хрватскиот шампион.