Таткото на Аке почина непосредно по неговиот гол првенец во Лигата на шампиони

Од:

Фудбалерот на англискиот првак Манчестер сити, Натан Аке сподели денеска со јавноста дека неговиот татко починал во средата само неколку минути откако 26 – годишниот фудбалер го постигна својот прв гол во кариерата во Лигата на шампиони.

– По тежок период вчера го постигнав својот прв гол во Лигата на шампиони, а само неколку минути подоцна мојот многу тешко болен татко почина мирно, во присуство на мојата мајка и мојот брат. Можеби така требало да биде, секогаш беше горд и среќен кога ме гледаше како играм, објави Аке на социјалните мрежи.

Холандскиот напаѓач кариерата ја почна во Челзи, а во редовите на Манчестер сити дојде на почетокот на оваа сезона од Бурнмут.

За холандската репрезентација Аке досега одигра 22 натпревари и постигна два гола.

Би можело да ве интересира

Ждрепка на Лигата на шампионите: Извлечени спектакуларни двојки во четвртфиналето и полуфиналето

Горан Наумовски

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

А1он

Тухел: Многу кандидати за титулата во Лигата на шампиони

А1он

Чеферин: Не би ми пречело ако Реал, Барселона и Јувентус ја напуштат Лигата на шампионите

А1он

Одреден составот на групите во Лигата на шампиони

А1он