Со натпреварот во Минхен меѓу Баерн и Борусија Менхенгладбах вечерва од 20 часот и 30 минути започнува 17.коло во германската Бундес лига.
Утре во терминот од 15 часот и 30 минути ќе играат: Баер Леверкузен – Хамбургер, Волфсбург – Ајнтрахт, Мајнц – Штутгарт, Гројтер Фурт – Аугсбург и Фортуна – Хановер, а од 18 часот и 30 минути е почетокот на натпреварот Шалке – Фрајбург.
За в недела закажани се две средби од оваа рунда: Хофенхајм – Борусија Дортмунд (15:30 часот) и Вердер – Нирнберг (17:30).
Табела: Баерн Минхен 41 бод, Баер Леверкузен 30, Борусија Дортмунд 27, Ајнтрахт 27, Шалке 25, Штутгарт 25, Хамбургер 24, Борусија Менхенгладбах 24,…