Фудбалерите на Баер Леверкузен со убедлива победа од 3:0 против Хамбургер ја завршуваат есенската полусезона во Бундес лигата, доближувајќи му се на лидерот Баерн Минхен повторно на едноцифрена бодовна разлика. На зимската пауза „баварците“ одат со плус девет во однос на ривалот од Леверкузен.
Денеска се одиграа уште пет средби од 17.коло: Волфсбург – Ајнтрахт 0:2, Мајнц – Штутгарт 3:1, Гројтер Фурт – Аугсбург 1:1, Фортуна – Хановер 2:1 и Шалке – Фрајбург 1:3.
За утре се закажани последните две средби од оваа рунда: Хофенхајм – Борусија Дортмунд (15:30 часот) и Вердер – Нирнберг (17:30).
Табела: Баерн Минхен 42 бод, Баер Леверкузен 33, Ајнтрахт 30, Борусија Дортмунд 27, Фрајбург 26, Мајнц 26, Шалке 25, Борусија Менхенгладбах 25, Штутгарт 25,…