Одбранбениот играч на минхенски Баерн, Холгер Бадштубер ја продолжи својата пауза до враќање на зелените терени поради повторното заминување на операција, по само два месеци.
Германецот во декември го оперираше коленот, а поради повторно појавување на оток од операцијата мора да замине на полесен оперативен зафат.
„Неговото враќање на теренот поради новонастанатите околности е одложен за кратко време. Десет дена по операција повторно ќе замине на рехабилитација“ – стои во соопштението од баварскиот клуб.
Бадштубер на крајот на минатата година ги скина лигаментите за време на натпреварот со Борусија Дортмунд. Во јануари изјави дека се надева на враќање на теренот пред крај на сезоната.