Атлетико Мадрид по продолженија го освои Суперкупот на УЕФА

Од:

Атлетико поведе со 1:0 уште во првата минута со гол на Диего Коста, а Реал преку Карим Бензема во 27-та минута израмни на 1:1, резултат со кој се замина на паузата.

Во вториот дел капитенот Серхио Рамос успешно реализираше пенал во 63-та минута и донесе водство од 1:2 за Реал.

Во 79-та минута Диего Коста повторно се запиша на листата на стрелците и израмни на 2:2, а регуларниот дел од натпреварот заврши без победник.

По осум минути игра во продолжението Атлетико со голот на Саул Нигез стигна до ново водство од 3:2, a шест минути подоцна прецизен беше Хорхе Меродио Коке за конечните 4:2.

Реал пропушти шанса да го одбрани трофејот освоен минатата година во Скопје, кога со 2:1 го совлада Манчестер јунајтед.

Суперкупот на УЕФА е натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа, две европски клупски натпреварувања организирани од страна на Унијата на европските фудбалски асоцијации.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска