Атлетико го посвети трофејот на починатиот татко на Лазаров

Од:

Тренерот на Атлетико Мадрид Талант Душебаев победата и освојувањето на трофејот од неофицијалното светско клупско ракометно првенство ги посвети на таткото на Кире Лазаров кој почина ноќта пред одигрувањето на вчерашното финале против европскиот првак Кил.

Лазаров иако под голем психолошки притисок сепак одлучи да настапи на овој дуел и со четири голови придонесе во победата на Атлетико од 28:23.Трагична вест за смртта на таткото на Лазаров сите не погоди во клубот и ние му изразуваме сочувство нему и на неговото семејство. Освоениот трофеј го посветуваме на таткото на Лазаров, истакна Душебаев.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ