Атланта поуспешна од Голден Стејт

Од:

Во дуелот на двете најдобри екипи од конференциите во НБА лигата одигран ноќеска победа оствари Атланта, која со 124:116 го совлада Голден Стејт и сега повторно е тим со најдобар процент на успешност во лигата (Атланта – 82,4%; Голден Стејт – 81,3%).

На полувремето беше нерешено 52:52, а во вториот дел Атланта беше поуспешна за четири поени во секоја од четвртините и притоа постигна вкупно 72 поена. Седум играчи кај Атланта имаа двоцифрен број поени, а Џеф Тиг со 23 беше најефикасен. Најпрецизен на дуелот беше Клеј Томсон со 29 поени.

Резултати на другите натпревари одиграни ноќеска: Бруклин – Њујорк 92:88, Индијана – Кливленд 103:99, Орландо – ЛА Лејкерс 103:97 (продолжение), Торонто – ЛА Клиперс 123:107, Бостон – Филаделфија 107:96, Детроит – Денвер 98:88, Хјустон – Милвоки 117:111, Минесота – Мемфис 90:89, Оклахома Сити – Њу Орлеанс 113:116, Феникс – Јута 100:93 и Сан Антонио – Мајами 98:85.

Пласман Источна конференција: Атланта 42-9 (победи-порази), Торонто 34-17, Вашингтон 31-20, Чикаго 30-20, Кливленд 31-21, Милвоки 27-23, Шарлот 22-27, Бруклин 21-28,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 39-9, Мемфис 37-13, Хјустон 35-15, Портланд 34-16, Далас 34-18, ЛА Клиперс 33-18, Сан Антонио 32-18, Феникс 29-23,…

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски