Атланта поразена на гостувањето во Шарлот

Од:

Во кошаркарската НБА лига, ноќеска се одиграат пет натпревари.

Лидерот на Истокот, тимот на Атланта загуби на гостувањето во Шарлот со 115:100.

Кај Шарлот дури петмина кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, од кои Кемба Вокер постигна 21, а Џералд Хендерсон беше стрелец на 20 поени.

Кејт Бејзмор со 20 поени беше најефикасниот кошаркар на Атланта, а Мајк Мускала оствари „дабл-дабл“ учинок од 18 поени и 10 скокови. Перо Антиќ за безмалку 21-минута игра постигна само 3 поени.

Гостинска победа оствари најдобриот тим во лигата Голден Стејт кој со 108:95 го совлада Милвоки.

На останатите три средби беа постигнати овие резултати: Чикаго – Њујорк 111:80, Јута – Оклахома Сити 94:89 и Портланд – Денвер 120:114.

Пласман Источна конференција: *Атланта 55-18 (победи-порази), *Кливленд 47-27, *Чикаго 45-29, *Торонто 43-30, Вашингтон 41-32, Милвоки 36-37, Мајами 33-39, Бостон 32-40, Бруклин 31-40, Шарлот 31-41, Индијана 31-41…

Пласман Западна конференција: *Голден Стејт 60-13, *Мемфис 50-23, *Хјустон 49-23, *ЛА Клиперс 48-25, Портланд 47-25, Сан Антонио 46-26, Далас 45-28, Оклахома Сити 41-32, Њу Орлеанс 38-35, Фенис 38-35…

*Екипи кои обезбедија пласман во плејфот.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа