Аталанта извлече „реми“ против Јувентус

Од:

Фудбалерите на Аталанта останаа непоразени во дуелот против шампионот Јувентус, во воведниот натпревар од 34.коло на италијанската Серија А.

На средбата во Бергамо, екипите на Аталанта и Јувентус одиграа без победник 2-2. Домаќините поведоа во последната минута од првото полувреме (45) со голот на Андреа Конти. Сепак, во вториот дел Јувентус успеа да направи предсврт и тоа со автоголот на Ленардо Спинацола (50) и погодокот на Дани Алвеш (83). Но, домашниот тим не се откажа па со голот на Ремо Фројлер (89).

Со освоениот бод Аталанта останува во трка за петото место кое носи пласман во Лига Европа следната сезона, додека Јувентус кој е лидер на табелата сега има 9 бодови повеќе од второ пласираната Рома.

Вечерва (20 часот 45 минути) ќе се игра натпреварот Торино – Сампдорија, додека останатите осум натпревари на програмата се утре, а двојките се: Рома – Лацио (од 12:30 часот), Каљари – Пескара, Кротоне – Милан, Емполи – Сасуоло, Џенова – Киево, Палермо – Фиорентина, Болоња – Удинезе (од 15 часот) и Интер – Јувентус (од 20:45 часот).

Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 64, Аталанта 64, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска