Аталанта го изненади и победи Наполи

Од:

Екипата на Аталанта направи изненадување со лесната победа во дуелот против Наполи со 2-0 и тоа на гостински терен.

Во воведниот натпревар од 25.коло на Серија тимот од Бергамо до победата стигна благодарение на Матиа Калдара кој ги постигна двата гола (28 и 70.минута). Аталанта од 67.минута играше и со фудбалер помалку откако Франк Јаник Касисе поради два жолти картони беше исклучен.

Вечерва ќе се одигра уште еден натпревар. Актуелниот шампион и лидер на табелата Јувентус е домаќин на Емполи во дуелот кој ќе започне од 20:45 часот.

Утре на програмата се средбите:
12:30 Палермо – Сампдорија,
15:00 Киево – Пескара,
15:00 Сасуоло – Милан,
15:00 Лацио – Удинезе,
15:00 Џенова – Болоња,
15:00 Кротоне – Каљари и
20:45 Интер – Рома.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Фиорентина – Торино (20:45 часот).

Табела: Јувентус 63 бода, Рома 56, Наполи 54, Аталанта 51, Интер 48, Лацио 47, Милан 44,,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска