Асистенција на Ибраими во ремито на Каљари со Интер

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Агим Ибраими одигра триесетина минути и асистираше при изедначувачкиот гол за неговиот Каљари во дуелот со Интер.

Во 6.коло од Серија А попладнево победа забележа Јувентус во градското дерби со Торино и се изедначи со Наполи на врвот на табелата.

Постигнати резултати на денешните средби: Торино – Јувентус 0:1, Аталанта – Удинезе 2:0, Каљари – Интер 1:1, Катанија – Киево 2:0, Сасуоло – Лацио 2:2 и Верона – Ливорно 2:1.

Екипата на Рома на „Олимпико“ ја пречекува Болоња во вечерниот термин (20:45 часот). Фиорентина и Парма натпреварот го играат утре.

Вчера Наполи со двата гола на Горан Пандев постигна победа од 2:0 на гостувањето кај Џенова, а Милан на домашен терен ја победи Сампдорија со 1:0.

Табела: Наполи 16 бодови, Јувентус 16, Рома 15, Интер 14, Фиорентина 10, Лацио 10, Верона 10,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска