Македонскиот репрезентативец Енис Барди забележа асистенција во денешната победа (2:0) на Леванте на домашен терен против Мајорка. За тимот од Валенсија ова беше прва победа сезонава во Ла Лига.
Барди му асистираше на Роберто Солдадо во 47. минута при водечкиот гол на домаќините. Конечните 2:0 ги постави Моралес во 90+7. минута.
По 20. коло, Леванте е последен на табелата со 11 бода, Мајорка остана на 20 бода, доволни за во моментов 15. место.