Арсенал влегува во трката по Шмајхел

Од:

Премиерлигашот Арсенал испратил понуда до Каспер Шмајхел кој сезонава настапува за Лечестер.

Синот на легендарниот Петер Шмајхел беше еден од најзаслужните за освојувањето на првото место на неговиот тим во втората лига, но голема е веројатноста дека тој нема да брани за Лечестер следната сезона во Премиер лигата.

На Шмајхел договорот му истекува на крајот на сезоната и според најавите тој ќе го напушти клубот. Арсенал по завршувањето на првенството ќе остане само со голманот Војчех Шчесни, а од клубот ќе си заминат Лукаш Фабијански и Емилијано Вивиано, па менаџерот Арсен Венгер е во потрага по нов голман.

Интерес за Каспер Шмајхел од порано пројавија уште и Милан, Саутемптон и Олимпијакос.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска