Екипата на Арсенал оствари тешка победа на гостувањето во Белград кај Црвена звезда во натпревар од 3. коло на Лига Европа.
Иако важеа за големи фаворити, фудбалерите на Арсенал се изнамачија да го скршат отпорот на црвено-белите. Тоа на „топџиите“ им успеа во 85. минута кога Оливие Жиру го постигна единствениот гол на мечот.
Во Ница, иако истоимената француска екипа со голот на Марио Балотели во 4. минута поведе против Лацио, сепак тимот од Рим во продолжение постигна три гола за комплетен резултатски пресврт и победа.
Покрај овие два меча, во првиот термин од денешната програма во Лига Европа се одиграа уште 11 натпревари, на кои беа постигнати следните резултати:
Г група: Лугано – Плзен 3-2 и Хапоел Бер Шева – ФЦС Букурешт 1-2.
Х група: БАТЕ Борисов – Келн 1-0 и Црвена ѕвезда – Арсенал 0-1.
И група: Коњаспор – Салцбург 0-2 и Олимпик Марсеј – Гимараеш 2-1.
Ј група: Остерсунд – Атлетик Билбао 2-2 и Зорија – Херта 2-1.
К група: Варегем – Витесе 1-1 и Ница – Лацио 1-3
Вечерва се играат останатите натпревари во сегментот од А до Л групите.