Познати се двојките за 1/16-финалето од ФА купот, фаза во која најмногу внимание предизвикува пресметката меѓу трофејните Арсенал и Манчестер Јунајтед екипи кои досега вкупно 25 пати победувале во ова натпреварување.
Двојки:
Арсенал – Манчестер Јунајтед
Манчестер Сити – Барнли
Кристал Палас – Тотенхем
Челзи – Шефилд/Лутон
АФК Вимблдон – Вест Хем
Шрузбери – Вулверхемптон
Милвол – Евертон
Брајтон – ВБА
Бристол Сити – Болтон
Екрингтон – Дерби Каунти/Саутемптон
Њукасл – Блекбурн/Вотфорд
Донкастер – Олдам
Мидлзбро – Њупорт
Барнет – Брентфорд
Портсмут – КПР
Свонси – Гилингам.
Натпреварите ќе се играат на 26 јануари. Во случај на нерешен резултат ќе се игра друг натпревар на теренот на гостинот во првиот меч.