Арсенал и Пари Сен Жермен би можеле да направат размена на тренерите на крајот на сезоната. Според весникот „Мирор“, ПСЖ е подготвен да му понуди на стратегот на Арсенал Арсен Венгер 10 милиони фунти по сезона и договор на три години, а Карло Анчелоти секако нема да остане тренер на „светците“.
Венгер во повеќе наврати изјави дека не размислува за продолжување на договорот со „топџиите“ кој му истекува наредната година. Анчелоти, пак, секако заминува од Париз, најверојатно во спортивна насока, во Лондон.
ПСЖ се заинтересира за Арсен Венгер откако пропанда обидот да ги доведат Пеп Гвардиола или Жозе Мурињо, пишува „Мирор“.