Арсенал го победи Евертон и се врати на третото место

Од:

Екипата на Арсенал забележа победа против Евертон во дуел од 27.коло на англиската фудбалска Премиер лига.

На средбата одиграна попладнево на стадионот „Емирати’’ во Лондон, Арсенал го победи Евертон со 2:0.

„Топџиите“ поведоа со голот на Французинот, Оливие Жиру во 39-минута, а конечните 2:0 ги постави Томаш Росицки на една минута пред крајот на натпреварот (89).

Со оваа победа и новите три бодови, Арсенал се врати на третото место на табелата со еден бод повеќе од Манчестер Јунајтед, односно четири помалку од шампионот Манчестер Сити кој попладнево беше поразен во дербито со Ливерпул со 2:1.

Лидерот на табелата Челзи својот меч од оваа рунда против Лестер на гостински терен ќе го игра на 29 април.

Табела: Челзи 60 бодови (-1 натпревар помалку), Манчестер Сити 55, Арсенал 51, Манчестер Јунај.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска