Армстронг ќе признае дека се допингувал?

Од:

Легендарниот американски велосипедист Ленс Армстронг наводно е подготвен да признае дека користел недозволени средства кои, меѓу другото, му помогнале во освојувањето на седумте трофеи во низа на Тур д Франс. На Армстронг лани во октомври му беа одземени сите седум титули освоени на Тур д Франс. Според американски медиуми, 41-годишниот Армстронг им соопштил на американските анти-допинг органи дека ќе ѝ се обрати на јавноста во обраќање во кое ќе ја признае својата вина. Тој негов потег наводно е мотивиран од желбата да добие дозвола да се натпреварува во триатлоните, кои ја заменија неговата љубов кон велосипедизмот.

Повеќе од една деценија Американецот остро ги негираше сите обвиненија за допинг. Тоа беше случај дури и минатиот октомври кога од анти-допинг агенцијата на САД го обвинија дека користел најсофистициран и најуспешен допинг-програм виден до сега во светот на спортот. Сите резултати на Армстронг од 1 август 1998 до крајот на неговата кариера беа избришани, меѓу кои и седумте Тур д Франс титули во низа освоени од 1999 до 2005 година. Покрај тоа на Армстронг му беше изречена доживотна забрана за занимавање со велосипедизам.

Би можело да ве интересира

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски

Руски велосипедист ќе настапува под француско знаме: Одамна сакав да го сторам ова

А1он

Хронометар велосипедска трка во Маврово

Ана Ололовска