Аргентинскиот новинар Габриел Анело го обвини селекторот на „Гаучосите“, Хорхе Сампаоли дека сексуално злоставувал готвачка во тренинг кампот на репрезентацијата.
Жената го пријавила случајот во полиција, а Фудбалскиот сојуз на Аргентина ѝ платил за да се обиде случајот да го спречи да излезе во јавноста, тврди новинарот.
Истиот новинар, минатата година го обвини Есикел Лавеци дека пушел трева во тренинг кампот, меѓутоа тоа никогаш не беше потврдено.
Останатите аргентински медиуми се обидуваат да го откријат идентитетот на готвачката и веродостојноста на тврдењата, а некои шпекулираат дека поради овој скандал Сампаоли е пред отказ.