Аргентина, Уругвај и Парагвај официјално ја започнаа својата кампања за ко-домаќин на Светското првенство во 2030 година.
Претседателите на трите држави направија презентацијата во „Каса Росада“ каде открија дека имаат намера да користат од шест до осум стадиони во Аргентина и четири и осум во Уругвај и Парагвај.
– Знаеме дека ќе има и други кандидати, но овој регион ќе биде атрактивна дестинација за светско првенство поради 100-годишнината од првите финалиња во Уругвај, рече парагвајскиот претседател Орасио Картес.
Уругвајците го освоија првото Светско првенство во 1930-тите, кога ја победија Аргентина во финалето со 4:2.