Аргентина со убедливи 6:1 обезбеди финале на „Копа Америка“

Од:

Репрезентацијата на Аргентина е вториот финалист на „Копа Америка“ откако ноќеска со убедливи 6:1 го совлада Парагвај во второто полуфинале.

Во финалето на 4 јули „гаучосите“ ќе играат против домаќинот Чиле.

Аргентина во полуфиналето поведе со 2:0 со головите на Маркос Рохо во 15.минута и на Хавиер Пасторе во 27.минута. Парагвај во финишот на првиот дел намали преку Лукас Бариос (43.минута). Натпреварот беше решен на стартот на второто полувреме со двата гола на Анхел Ди Марија (47 и 53.минута), а триумфот само го потврдија во финишот Серхио Кун Агуеро (80.минута) и Гонзало Игуаин (83.минута).

Аргентинците досега имаат 14 титули во „Копа Америка“ и се на чекор да се изедначат со Уругвај кој има 15.

Ден пред финалето во натпреварот за третото место ќе играат Парагвај и Перу.

Би можело да ве интересира

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) По натпреварот, играчите на Уругвај тргнаа да се пресметаат со публиката

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бразил елиминиран, познати се полуфиналистите на Копа Америка

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска