Првиот голман на Аргентина, Серхио Ромеро од Манчестер Јунајтед ќе го пропушти Светското првенство во Русија поради повреда на коленото.
Ромеро беше на листа на селекторот Хорхе Сампаоли, но поради повреда добиена на тренинг во клубот Аргентинскиот фудбалски сојуз објави дека тој нема да биде во составот на „гаучосите“.
Овој 31-годишен голман кој го бранеше финалето на Мундијалот пред четири години кога Германка ја победи Аргентина, поради истата причина минатиот викенд, не беше на голот на Јунајтед против Челзи во финалето на ФА купот.
На местото на Ромеро, повик во националниот тим доби голманот на мексикански Тигрес, Нахуел Гузман.