Аренас ја продолжува кариерата во Кина

Од:

Трикратниот „ол-стар“ учесник Гилберт Аренас (30) е блиску до потпишување на едногодишен договор со кинескиот клуб Гуангдонг Саутерн Тајгерс, пренесува Јаху Спортс.

НБА ветеранот, кој помина 11 сезони во најквалитетната кошаркарска лига на светот, во текот на кариерата во просек постигнуваше по 20,7 поени, 5,5 асистенции и 3,8 скокови по натпревар. Како и да е, последните сезони имаше големи проблеми со колената, па така минатата година во голем дел ја помина „греејќи“ ја клупата на Мемфис Гризлис, со за него мизерен просек од 4,2 поени, 1,1 скок и 1,1 асистенција на 17 одиграни дуели.

Аренас, кој во НБА има имиџ на „лошо момче“, смени четири клуба, и тоа Голден Стејт, Вашингтон, Орландо и споменатиот Мемфис. Инаку, во согласност со споменатиот имиџ, тој ќе остане запаметен и по тоа што, на пример, поголемиот дел од сезоната 2009/2010 беше суспендиран поради носење на огнено оружје во соблекувалната на Визардси.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа