Анже е третата екипа која обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Франција.
Анже попладнево ја доби четвртфиналната пресметка против Бордо со 2:1.
Домаќините поведоа во 8.минута со голот на Кевин Берлиго, додека гостите израмнија десет минути подоцна преку Јунусе Санхаре.
Решавачкиот гол на натпревраот го постигна Сенегалецот, Чеик Н’Доје во 67.минута за победа на Анже и пласман меѓу четирите најдобри.
Претходно, пласман во полуфиналето обезбедија Генгамп со победата над Фрежу Сен Рафаел со 1:0, како и Монако кој со 2:1 го совлада Лил.
Кој ќе биде последниот полуфиналист ќе дознаеме вечерва по мечот меѓу актуелниот бранител на трофејот во ова натпреварување ПСЖ и екипата на Авранш која настапува во третата по квалитет француска лига.