Ансу Фати наследник на „десетката“ на Меси во Барселона

Од:

Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона одлучи дресот со бројот 10, кој цели 13 години го носеше Аргентинецот Лионел Меси, да му го додели на својот голем талент, 18-годишниот Ансу Фати, објави попладнево каталонскиот клуб на својот официјален сајт.

Меси ова лето, по две децении минати во Барселона, премина во редовите на ПСЖ, а дресот со бројот 10 во каталонскиот клуб го носеше од 2008 година.

Претходно, „десетката“ беше во сопственост на Бразилецот Ривалдо.

Нова „деветка‘ на Барселона ќе биде Мемфис Депај, дресот со бројот 7 по заминувањето на Антоан Гризман премина кај Усман Дембеле, додека новото засилување Серхио Агуеро ќе го носи дресот со бројот 19.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска