Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Рој Хоџсон, само ден по завршувањето на Премиер лигата, го објави списокот на фудбалери на кој ќе смета за претстојното Светско првенство во Бразил кое стартува на 12 јуни.
На списокот на Хоџсон се 23 фудбалери, само двајца фудбалери се од редовите на новиот шампион Манчестер Сити (2), најмногу има од вице-шампионот Ливерпул (5), а од Манчестер Јунајтед повикани се четворица играчи.
Покрај ветеранот Ешли Кол кој се прости од репрезентацијата, меѓу имињата на списокот од дваесет и тројца фудбалери го нема ниту фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, кој заедно со Енди Керол (Вест Хем), Том Клеверли (Манчестер Јунајтед), Џермејн Дефо (Торонто), Џон Фланаган (Ливерпул), Џон Руди (Норвич), Џон Стоунс (Евертон), ќе бидат резерви, односно, би биле дополнително повикани во составот доколку за тоа има потреба.
На списокот на Хоџсон за Мундијалот во Бразил се следниве фудбалери:
Голмани: Џо Харт (Манчестер Сити), Фрејзер Форстер (Селтик) и Бен Фостер (ВБА).
Одбрана: Крис Смолинг и Фил Џоунс (Манчестер Јунајтед), Фил Јагиелка и Лејтон Бејнс (Евертон), Лук Шо (Саутемптон), Глен Џонсон (Ливерпул) и Гери Кејхил (Челзи).
Среден ред: Стивен Џерард, Рахим Стерлинг и Џордан Хендерсон (Ливерпул), Џек Вилшер и Алекс Окслејт-Чемберлен (Арсенал), Џејмс Милнер (Манчестер Сити), Франк Лампард (Челзи), Адам Лалана (Саутемптон) и Рос Баркли (Евертон).
Напад: Вејн Руни и Дани Велбек (Манчестер Јунајтед), Даниел Стариџ (Ливерпул) и Рики Ламберт (Саутемптон).