Англија идна дестинација на Гвардиола

Од:

Пеп Гвардиола, поранешниот тренер на Барселона првпат јавно соопшти дека сака да биде тренер во некоја англиска екипа. Тој во честитката испратена до Фудбалскиот сојуз на Англија упати низа комплименти за Премиер лигата.

– Како играч не го реализирав сонот да настапувам во Англија, но се надевам дека како тренер тоа ќе ми успее. Премиер лигата е посебна. Сакам да ги почувствувам навивачите, медиумите, стилот на играчите и целата таа атмосфера кој се создава при одигрување на премиерлигашки натпревар, ја пренесува „Скај Спортс“ изјавата на Гвардиола.

Тој направи интересна споредба за сфаќањето за фудбалот во Англија и Италија.

– Во Италија доколку изгубите натпревар луѓето „можат“ и да ве убијат, а во Англија ве поддржуваат секогаш.

Англиските екипи Манчестер Сити, Челзи и Манчестер Јунајтед се спомнуваат како идна дестинација на шпанскиот тренер.

41-годишниот Гвардиола пред неколку дена соопшти дека од следната (2013/14) сезона ќе се врати на фудбалските терени.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска