Ангеловски пред Австрија: Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме

Од:

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски на пресот пред натпреварот против Австрија во квалификациите за ЕУРО 2020 изјави дека тимот има кадровски проблеми и дека шанса ќе добијат некои од дебитантите.

Тој додаде и дека сигурен е дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат

– Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив. Можно е шанса да добијат и некои дебитанти, но ако им е прв меч не значи дека немаат квалитет. Сигурен сум дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат. На овие мечеви сакаме да го потврдиме квалитетот и да се подготвиме за полуфиналето на Лигата на нации. Австрија беше доминантна во текот на квалификациите, тие се на прагот на пласман на Европско првенство, но ние си ја гледаме нашата работа, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Натпреварот Австрија-Македонија се игра денеска во стадионот „Ернст Хапел“ во Виена со почеток од 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска