Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија по освоениот бод во петок со Италија на гости до крајот од квалификациите за Светското првенство во Русија треба да го одигра уште натпреварот утре против Лихтенштајн во Струмица. Нашиот најдобар тим по враќањето во Торино од денеска се наоѓа во Струмица, каде попладнево беше одржана и прес конференција.

– Го играме последниот дуел од квалификациите против Лихтенптајн дома. Очекувам сите фудбалери да влезат на овој дуел како и на изминатите натпревари од квалификациите, секогаш им говорам дека не е важно кој е на спортивната страна, туку како ќе одиграме. Пред нас е натпревар со противник кого го победивме на гости и не бегаме од фаворитската улога. Ќе барам од моите фудбалери максимално да настапат за да го добиеме овој натпревар, изјави Ангеловски.

За дуелот утре Ангеловски нема да смета на Стефан Спировски (два жолти картона) и Дарко Велковски (повреда), но навести дека постои можност да им даде шанса на повратникот во репрезентацијата Аријан Адеми и играчите од репрезентацијата У_21 Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев.

Нашата репрезентација тренираше во Скопје претпладнево, а на стадионот „Младост“ во Струмица играчите имаа само разгледување и раздвижување.

Нашиот ривал Лихтенштајн веќе еден ден е во Струмица и покрај ладното време посакаа да одиграат 0:0 и конечно да го освојат првиот бод во овие квалификации.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн се игра утре во Струмица со почеток во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он