Ангеловски најави игра на победа против Ерменија

Од:

Македонската фудбалска репрезентација вечер од 18 часот и гостува на Ерменија во последното коло од втората група Ц-дивизија во Лигата на Нации.

Дуелот ќе се одигра во Никозија на Кипар поради воената состојба во Ерменија.

Селекторот Игор Ангеловски најави игра без калкулации, иако на неговите избраници им одговара и нерешено за освојување на првото место и пласман во Б-дивизијата.

– Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм, тоа ми мана, ќе играме на победа, имаме одлични избор, тука не се да пополнат место, играме натпревар кој ни значи, секој позитивен резултат ќе нè однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме, изјави Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска