Ангеловски и Несторовски побараа поддршка од навивачите за дуелот со Турција

Од:

Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски и напаѓачот Илија Несторовски на денешната прес-конференција ги кажаа своите очекувања за пријателскиот натпреварот со Турција закажан за утре во 19:45 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

– Репрезентацијата на Турција располага со квалитет и мислам дека ќе имаме можност на вистински начин да направиме една контрола. Очекувам од моите фудбалери да бидат на нивото, исто како и на претходните натпревари. Сакаме да ја задржиме истата игра и да продолжиме со позитивните резултати. Фудбалот се игра за победи, сеедно дали е пријателски натпревар. Ни треба и поддршка, се надевам дека на трибините ќе има навивачи бидејќи ни се потребни, изјави Ангеловски.

Здравствениот билтен на Македонија е добар, сите фудбалери се на располагање и подготвени да го дадат максимумот на утрешната пресметка.

Илија Несторовски посакува победничката серија на македонската репрезентација да продолжи и против 25. светска селекција на ФИФА листата.

– Секој натпревар ни е важен, навистина добро се подготвуваме. Сакаме да ја продолжиме победничката низа. Се надевам дека со триумф против Турција на вистински начин ќе го најавиме мечот со Шпанија, рече Несторовски.

Би можело да ве интересира

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Жарко Настоски

Алиоски: Издржавме се, победивме репрезентација со голема фудбалска историја

Катерина Ѓуровски

Реакции во Германија: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП

Катерина Ѓуровски

Ангеловски: Победа за сопругата која се бори со Ковид-19 и за критичарите што не веруваа во мене