Ангелов уште две сезони во Вардар

Од:

Ракометниот голман Петар Ангелов, го продолжи договорот за соработка со екипата на Вардар за уште две сезони, со што тој во таборот на „црвено-црните“ треба да остане до јуни 2017 година.

Управата на македонскиот вицепрвак задоволна од настапите и формата на Ангелов му понудија нов договор, што на заедничко задоволство беше прифатен.

Македонскиот репрезентативец во Вардар дојде лани, и беше дел од големите клупски успеси, освојувањето на СЕХА лигата, Купот на Македонија и четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сезонава, Вардар веќе обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 екипи во ЛШ, а Ангелов беше дел од голманското трио што бранеше на натпреварите.

– Среќни сме што во екипата имаме професионалец како Ангелов, кој со своето залагање и однесување на тренинзите и натпреварите претставува вистински пример, и идол на идните генерации. Неговото останување во Вардар ја потврдува амбицијата на клубот да ги задржи сите квалитетни играчи кои можат да придонесат кон остварување на зацртаните цели, изјави Давор Стојаноски, директорот на РК Вардар.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ