Андреев: Ништо не е готово, рано е за славје

Од:

Тренерот на македонскиот фудбалски шампион вардар, Сергеј Андреев изрази задоволство од резултатот на дуелот со АПОЕЛ, но апелира да не се создава еуфорија и мислење како победникот на двомечот да е веќе решен.

– Уште ништо не е готово и нема простор за славје. Треба добро да се подготвиме и за реваншот и не смееме да мислиме дека работата е завршена. Ова е Лига на шампиони и патникот понатаму го одлучува еден момент, една грешка. АПОЕЛ е тим кој игра поразлично на гостински терен. Резултатот 0:0 никогаш не е доволен. Ниту победа од два-три гола разлика не значи ништо во денешниот фудбал. Патникот во следното коло зависи од двата натпревари. Во Скопје не очекува еден исклучително дуел каде што ние ќе ја имаме поддршката од публиката, изјави Андреев.

Вардар вчеравечер во првиот натпревар од 2.коло во квалификациите за Лигата на шампионите одигра нерешено 0:0 на гостувањето во Никозија кај АПОЕЛ.

Реваншот во Скопје е закажан за 21 јули.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска