Анчелоти заинтересиран за Мутињо

Од:

Тренерот на Пари Сен Жермен Карло Анчелоти има сериозна намера на „Паркот на Принцовите“ во Париз да го донесе португалскиот репрезентативец и играч на Порто, Жоао Мутињо.

Според информациите објавени во француските медиуми, Анчелоти побарал од раководството на клубот Мутињо да биде едно од неколкуте засилувања во летниот преоден рок.

26-годишниот Португалец игра во средниот ред и за него минатата година беа заинтересирани повеќе екипи, а најблиску до негов ангажман беше Тотенхем, но соработка не беше остварена.

Мутињо има актуелен договор со Порто уште две години, а за евентуален предвремен раскин и преоѓање во ПСЖ, парижаните ќе платат обештетување чија висина се уште не е објавена.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска