Анчелоти смета дека е должност на Милан да го продолжи договорот со Ибрахимовиќ

Од:

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, ја поддржа одлуката на неговиот поранешен клуб Милан да ја продолжи соработката со Стефано Пиоли. Тој исто така е убеден дека клубот треба да склучи нов договор со 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ.

– Продолжувањето на договорот со Ибрахимовиќ не е само правилна одлука, тоа е должност на Милан. Тој сè уште е незаменлив играч. Мислам дека тие ја направија вистинската работа со продолжување на договорот со Пиоли. Тој направи одлична работа и го извлече тимот од кризата, изјави Анчелоти за радио „РАИ“.

Шведскиот напаѓач му се придружи на Милан на почетокот на 2020 година. На 18 натпревари во лигата и во Купот на Италија, тој постигна осум гола. Со неговото доаѓање Милан ја стабилизира играта и се врати на победничките патеки.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска