Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сподели своите емоции од работата во клубот.
– Јас сум на меден месец во Реал Мадрид и се надевам дека ќе останам тука во годините што доаѓаат. Како и сите други, така ја започнавме сезоната со некои тешкотии. Но, имаме неверојатен тимски дух. И успеавме да направиме приспособувања за време на натпреварите, потпирајќи се на карактерот на тимот, рече Италијанецот во емисијата на „Радио Раи“.
Анчелоти веќе работеше со Реал Мадрид (2013-2015) и ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Купот на Шпанија и Суперкупот.