Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти одбил понуда од Манчестер Јунајтед во висина од 18 милиони евра годишна плата, пренесува денешен „Ел мундо депортиво“.
Како што се наведува, премиерлигашот минатата недела му ја понудил на Анчелоти оваа висока плата да го преземе кормилото на клубот, кој до пред дваесетина дена го предводеше Дејвид Мојс, но поради лоши резултати беше отпуштен.
Анчелоти, според „Ел мундо“ ја одбил понудата,а со тоа пропушти да стане најплатен фудбалски тренер на светот.
Во моментов најдобро платен тренер е Пеп Гвардиола кој во Баерн Минхен годишно заработува 17 милиони евра.